Основен суд: Сообраќајката на Младенов е несреќен случај


Според првичните сознанија од истражните дејствија кои ги презема Основниот суд Скопје еден, новинарот Никола Младенив загинал во сообраќајна несреќа. Засега нема елементи на кривично дело, но Обвинителството треба да одлучи дали ќе спроведе истрага за тоа каде и со кого се движел Младенов и дали ќе побара вештачење за техничката исправност на возилото.

mladenov soobrakjaka fotoОд досегашните анализи утврдено е дека Никола Младенов починал како резултат на пукање на аортата поради силниот удар. Возилото на Младенов се движело со брзина од 160 километри на час, не бил врзан со сигурносен ремен, а во едната рака држел цигара.

Во сообраќајната несреќа не учествувало друго возило, бидејќи во левата страна од автомобилот на Младенов немало удар од друго возило, додека пак, од десната страна се работело за траги од спреј против корозија.

Трагите од кочење кои беа видливи на асфалтот како и деловите од други автомобили потекнуваат од други два изолирани инциденти случени во минатото на истото место.

Телма

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1