Масакрирани стотици жени и деца од џихадисти


Џихадистите од радикалната сунитска група Исламска држава убиле повеќе стотици луѓе, од кои најголем број се цивили меѓу кои старци, жени и деца во селото ал-Багилија во североисточната покраина Деи-ез-Зор, пренесуваат медиумите повикувајќи се на локални извори.sirija233

„Ужасен масакр извршија денеска џихадистите на Исламската држава во ал-Багилија во Деир-ез-Зор. Убиени се 280 луѓе, меѓу нив се жени, деца, старци… Ги обвинуваат за наводна соработка со сириската армија“, изјавил за агенцијата Sputnik извор од сириската Црвена полумесечина од покраината во којашто претходно во саботата беше доставена руска хуманитарна помош.

„Од селото ал-Багилија продолжуваат да пристигнуваат сведоштва дека милитантите на Исламската држава и во моментов масакрираат цели семејства“, додал соговорникот на агенцијата.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон претходно соопшти дека во саботата имало жестоки судири на северот и истокот од Сирија меѓу џихадистите на Исламската држава и силите на сириската влада во кои загинале стотици лица.

Во повеќечасовен напад на Исламската држава врз градо Деир-ез-Зор биле убиени 135 лица, од кои најмалку 85 цивили и 50 владини војници, според информациите коишто SOHR ги добил од своите активисти.

„Најмалку 135 лица се убиени во нападот на Исламската држава, од кои 85 цивили и 50 сириски војници и борци на прорежимските милиции“, изјавил за AFP директорот на SOHR Рами Абделрахман, кој ја повлече претходната информација во која стоеше дека се убиени 75 провладини борци.

Исламската држава контролира голем дел од покраината Деор-ез-зор, додека неколку населби северно од истоимениот административен центар и блискиот воен аеродром се под контролана владините сили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1