Спортски и фитнес тренери, физиотерапевти, регистрирани медицински сестри, масери, училишните психолози, педагози по музика, воспитувачите во градинките, логопеди, лични финансиски планери, возачите и приватните детективи занимања се кои до 2020 година ќе бидат најмногу барани на пазарот на трудот, пишува Џорџ Андерс, новинар на Форбс кој објави статија на LinkedIn.
Се очекува дека овие професии ќе вработуваат 20 проценти повеќе луѓе до 2020 година во САД, а на сите занимања им е заедничка емпатија, односно способноста да се доживее емоционална состојба на друго лице.
Андерс пишува дека емпатијата е основен предуслов за дружељубивост, т.е. социјализацијата и дека денес во дигиталниот свет, технологијата презема поголемиот дел од работни места, кои претходно беа извршувани од страна на нашите родители или баби и дедовци.