Машина за перење програмирана да направи 2.500 перења и да се расипе!?


Мобилните телефони, шпорети, фрижидери, машини за перење алишта и ситни домашни апарати никогаш како сега не биле на дофат, но имаат се пократок век на траење

Траат, по правило, колку и гаранцијата, а нивната поправка чини колку и нов апарат. Се помалку има апарати кои што можат да траат по една деценија, или две, како некогаш.mashina-za-perenje-alishta-programirana-da-napravi-2.500-perenja-i-da-se-rasipe-178657

Европскиот потрошувачки центар го истражуваше феноменот на брзо расипување на техниката и дојде до заклучок дека рокот на траење на техничките апарати е се покус затоа што производителите прават лоши производи кои се програмирани брзо да се расипат.

Производителите и сервисерите објаснуваат дека не може да се очекува од машина за перење алишта која чини 200 евра, да работи 30 години.

– Апаратите поевтинуваат и се помалку квалитетни. Потребата за ниска цена ги намали и стандардите во производството. Барабанот на машината за перење се почесто се прави од пластика, бојлерите од тенок лин….се вели во извештајот на Европскиот потрошувачки центар.

Така, денеска машина за перење алишта се расипува по 2.500 перења, мобилните телефони траат едвај две години, а телевизорот престанува да работи по 20.000 погледнати часови.

Во извештајот на овој центар се наведува дека механичките производи се местат да работат онолку часови колку трае гарантниот рок, а во електронските апарати често пати се уфрлува софтверска грешка, или во производите намерно се вградуваат делови со полош квалитет.

По две-три години истекува гаранцијата, а со неа и одговорноста на производителот. Апаратот кој ќе се расипе по гарантниот рок веќе е застарен, а новите модели се во продавниците.

Производителите на овој начин автоматски прават побарувачка.

– Тоа значи дека производот е така направен ако откаже само еден негов дел, целиот апарат престанува да работи – се предупредува во извештајот.

Но, тоа не е се. Делови за расипаниот апарат или тешко се наоѓаат, бидејќи повеќе не се произведуваат, или се прескапи, па поправката не се исплатува и потрошувачот е присилен да купи нов производ.

Вечер.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1