Албанци на шопинг и на разубавување доаѓаат во Дебар


За голем број жители на Албанија од пограничните места, Дебар е центар за набавка на разни производи, за добивање здравствени, фризерски и други услуги. Причина за секојдневните посети, како што сами велат, е квалитетот, како и близината на градот.

– Има голем избор, а и квалитетот овде е подобар, особено на земјоделските производи. Често доаѓаме тука. Живееме во селото Блато и многу ни е поблиску Дебар отколку Нескопена – велат граѓани со кои разговаравме.trgovski
Тие велат дека во Дебар има побогата понуда и пониски цени.

– Kупуваат прехранбени артикли, пијалаци, облека, обувки, земјоделски и сточарски производи, но и разна бела техника. Доаѓаат секојдневно, но посебно во саботите, кога во Дебар е пазарен ден – потвдуваат тукашните трговци.

Масовноста на доаѓање во Дебар се зголеми со отворањето на граничниот премин Џепиште – Требиште, преку кого минуваат жителите од областа Голо Брдо.

– Нешто што најубаво ни се случило на жителите од оваа област е отворањето на преминот. Сега кога патот е асфалтиран и од албанска страна, во Дебар доаѓаме за дваесетина минути. Вакви продавници кај нас нема, а за да одиме до Булќиза или пак Пешкопеа, по заобиколниот макадамски пат ни требаат часови – вели Или Халилај од селото Требиште, кого го сретнавме во едно од кафулињата.

Дека некои од албанските граѓани доаѓаат заради здравствена услуга потврдува и директорот на Општата болница во Дебар, д-р Баки Халили.

– Има граѓани од Албанија кои доаѓаат за одредена здравствена услуга, како од секундарното така и од примарното здравство. Услугите ги добиваат во Општата болница, во Здравствениот дом, како и во приватните амбуланти. Тоа е така поради поквалитетната услуга, подобри лабораториски анализи и рендгенски снимки. Во повеќето од тие места таму немаат специјализиран кадар, а во добар дел ни амбуланти. Се разбира, нивното лекување е приватно – вели Халили.

Жителите од албанските места може да се видат во аптеките, во стоматолошките и гинеколошките амбуланти, но и во фризерските салони и угостителските објекти.

Dnevnik

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1