Машко или женско бебе по нарачка – гинеколог наплаќал за саканиот пол на бебето


Белгиски гинеколог Франк С. e казнет со 4.725 фунти бидејќи на 165 жени им дал специјално подготвени ембрионални станици за да родат дете со полот што ќе го посакаат.

238239_bebe-foto-03-public-shutterstock_fЖените платиле по 1.000 фунти за да родат дете според нарачка во неговата приватна клиника во Боргехоут, иако селекцијата на полот е илегална во Белгија од 2007 година.

Со илегалната лабораториска техника докторот ги раздвојувал машките од женските хромозоми. Најчесто паровите кои го избирале полот на детето биле од Холандија.

– Никогаш не сум мислел дека работам нешто лошо, изјавил Франк, за холандската телевизија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1