Масло од канабис за медицински цели и во Македонија!?


Филип Достовски имал рак на лимфните жлезди. Со примање на стандардната хемотерапија се опоравил. Подоцна повторно му се појавиле жлезди и не направил биопсија туку користел масло од канабис кој го набавувал нелегално бидејќи истото не е дозволено за медицински третман во македонското здравство.

-Продолжив со уљето и сега сум добро. Ќе ви кажам многу примери на луѓе што го користеле и се излекувале и тоа со документи црно на бело од лекар, вели Филип Достовскиkanabis-ulje-640x432

Филип својот став го искажа на првата јавна дебата за примена на индискиот  коноп во медицински цели. Со тоа им противречеше на онколозите кои масло од канабис не им препорачуваат на нивни пациенти. Велат дека нема се уште докази за ефикасноста, а дури и да го користат болните од рак тоа мора да биде многу прептпазливо.

Особено мора да внимаваат бидејќи комбинацијата со морфиум може да биде опасна и со компликации. Намалува болки но со помал интензитет, вели Милан Ристевски директор на Клиника за Онкологија

Во Канада иако е дозволен уште во 2001, на пакувањето стои дека лекот не ви гарантира безбедност и сигорност во употребата, вели Андон Чибишев токсиколог

И додека кај онколошките заболувања се можни компликации, кај некои невролошки болести канабисот има позитивен ефект. Но не за излекување туку како симптоматска терапија.

-На пример кај мултуплекс склероза има ефект кај редукција на централната болка. Но не за излекување туку за ублажување, или симптоматска терапија, вели Игор Кузмановски, директор на Неврологија

Психијатрите со укажување дека мора да с еправи разлика меѓу оние кои го користат канабисот од рекреација и оние што имаат потреба од него за лекување. Дарко Крстевски од Центарот за зависности во 8-ми септември е многу позагрижен што пушат неговите пациенти а не дали пушат.

-Моите размислувања се дека нема да имаме многу интересенти кои би го користеле тоа уље за злоупотреба, туку оние болни кои имаат потреба од него, вели Дарко Крстевски психијатар во Центар за зависности во 8-ми септември

Дебатата ја отвори министерот за здравство кој побара покрај експертите со предлози да се вклучи и јавноста за изнаоѓање на најоптимално решение.

-Досега 13 европск иземји членки на ЕУ дозволија употреба на канабисот во медициснки цели, вели Никола Тодоров министер за здравство

На денешната дебата присуствуваше и професорот по фармакологија од Хрватска  Владимир Тркуља. Неговата земја е чекор пред Македонија, но канабисот се уште не е достапен во аптеките. како ќе биде регулирано кај нас и дали ќе ги следиме европските искуства останува да видиме.

Здравство24.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1