Масон пред 150 години ја предвидел борбата со исламистите (ВИДЕО)


Алберт Пајк, американски офицер, масон и еден од водачите на озогласениот Кју Клус Клан, писмото го напишал на 15. август 1871. година. Во него опишал како и зошто во 20. век ќе дојде до дури две светски војни, пренесува The Sun.albert-pajk

Пајк предвидел дека Првата светска војна ќе го заврши владеењето на царевите во Русија, па таа држава ќе стане „тврдина на комунизмот“. Втората светска војна, најавил тој, ќе го уништи нацизмот и комунизмот ќе ги превземе „слабите влади“ и ќе ја ослаби религијата. Исто така предвидел дека суверената држава Израел ќе биде „насадена во Палестина„.

Понатаму, пишува дека третата, конечна битка, ќе се води протим исламските воени водачи, и дека тој конфликт „во целост ќе не исцрпи – физички, морално, економски и духовно“. Пајк предвидел дека христијанството ќе биде уништено и дека ќе биде воспоставена нова светска влада.

Некои скептици писмото го прогласиле за измама, со тврдења дека нема докази дека е автентично. Други, пак, тврдат дека тоа било изложено во Британската музејска библиотека, и дека е отстрането во седумдесетите години на минатиот век од кога му се губи трагата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1