Масовна тепачка во Ѓорче – се тепале за девојка


Вчера околу 10 часот изутрината во Полициска станица во Ѓорче Петров било пријавено дека во  средното училиште „Кочо Рацин“, избила тепачка помеѓу две поголеми групи на лица. tepackamatno

Од една страна во нарушувањето учествувале М.Р.(48), Б.С.(17), М.А.(18), Р.А.(15) И М.А.(16) и од другата страна лицата Е.И.(17), Е.И.(18), Е.Н.(15), С.Ј.(17), С.Ј(18) и А.Б. сите од Скопје. Тие меѓусебно се удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото од кои удари кај М.А.(16) имало видлива повреда на задниот дел од главата во вид на расекотина, а кај Р.А.(15) расекотина на десната аркада.

Причина за тепачката била љубовна врска.
Полицијата излегла на лице место и поднела соодветни пријави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1