Масовна тепачка во центарот на Скопје – едно лице на ургентен


Најмалку едно лице завршило на Урегентниот центар по масовна тепачка која вечера се случила во центарот на Скопје. Како што пишува Press24 тепачката најпрво започнала во Старата чаршија, а потоа продолжила од Камениот мост се до булеварот ВМРО во центарот на Скопје.

policija nokjСе уште нема информации дали во тепачката учествувале две поголеми групи луѓе или пак една група нападнала едно лице. Очевидци велат дека повредениот има убода рана од нож, а видливи биле и траги од крв. Тој почнал да бега по булеварот а една група луѓе го бркала со автомобил. Во тој момент пристигнала полицијата која веднаш интервенирала но групата напаѓачи почнале да бегаат со автомобилот по што следела кратка бркотница по скопските улици. Полициските автомобили возеле со вклучени ротациски светла во спротивната насока.

Од МВР и официјално го потврдуваат инцидентот и потврдуваат дека има неколкумина приведени но не откриваат повеќе детали. Потврдуваат дека едно лице е примено со повреди во Ургентниот центар но се уште нема информации каква е неговата состојба

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1