Математика: Едно прваче чини најмалку 5.000 денари


Ранец, боички, тетратки, колажи, моливи, острилки, блокчиња, пластелин, се само дел од она што родителите мораат да го купат за своето прваче во пресрет на новата учебна година.

boici skoloНа ова треба да се додадат и трошоците за новата гардероба на детето, па семејствата со новиот ученик, за предучилишниот шопинг треба да издвојат поголем дел од домашниот буџет.

Според пресметката врз основа на просечните цените низ книжарниците и бутиците, за да се подготви едно прваче за првиот училишен ден потребни се околу 70 евра или 5000 денари.

Најголем дел од трошокот за училишен прибор за прваче, опфаќа училишниот ранец, кој може да се најде по цена од 300 па до над 3.000 денари. Цените на ранците зависат пред се од квалитетот на изработката и од неговата марка. Според вработените во книжарниците  родителите најчесто се одлучуваат за ранците кои се по цена од 1.000 до 1.500 денари

Освен ранецот, за едно прваче од училишен прибор се потребни тетратки за почетно пишување, тетратки со коцки, блокче, колаж, дрвени боички, фломастери, пластелин, чантичка за моливи и гуми, а сето тоа заедно може да се купи по цена од 600 до 1.000 денари во зависност од квалитетот и цената на производите.

skolski PRIBOR_1

основна гардероба од панталони, блуза и јакна родителот ќе треба да издвои од 2.500 до 5.400 денари.

На оваа сума ќе треба да се додадат и трошоците за обувки кои во зависност од марката се движат од 700 до над 3.000 денари.

Покрај трошоците за прибор и гардероба, по традиција семејствата кои имаат првачиња често прават и семејни прослави, а роднините и пријателите им доаѓаат на честитање за првачето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1