Матичните лекари и ќе шијат рани и ќе лекуваат вид


Матичниот лекар ќе гледа на ехо, ќе мери шеќер во крвта, ќе шие рани, ќе одредува диоптрија на очите, ќе врши ректални прегледи. Ова се само дел од здравствените услуги кои од 2015 година ќе мора да ги спроведува матичниот лекар.

lekar44Тогаш, или за речиси една година, во ординациите на примарното здравство ќе почнат да работат лекарите по семејна медицина кои покрај прегледите кои сега ги прават матичните доктори, ќе мора да вршат уште најмалку десетина нови услуги. На листата на прегледи се и контрола на дојка, проверка на уши, преглед на стомак, оживување човек, невролошки преглед, контрола на дијабетично стапало…

Семејниот лекар се заговара најмалку пет години наназад, а во 2015 година треба да излезе првата генерација на овој нов профил на лекари во примарното здравство. Тие ќе бидат специјалисти по семејна медицина, едуцирани за голем број практични вештини.

Практично различните профили лекари што сега ги има во примарното здравство (општи лекари, специјалисти по општа медицина, педијатри, специјалисти по школска медицина, специјалисти по медицина на трудот и гинеколози), чии квалификации се различни, сега ќе се заменат со семејни лекари.

Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1