Пропаѓа земјата и во Босна – езерце исчезнало за еден ден – дупката се шири (Видео)


presusilo-jezero-foto-youtube-1384546191-397697Жителите на селото Саница во Босна останале изненадени откако преку ноќ  малото езеро во нивното место пресушило, а зад себе оставило огромна дупка која продолжува да се шири и да ја голта и земјата.

Тие сметаат дека веројатно станува збор за подземни води, меѓутоа се очекува пристигнување на експерти кои треба да објаснат што точно се случува.

Како  што пишуваат босанските медиуми  ова не е прв ваков случај, и порано имало ваква дупка во близина на ова село.

Една помала се наоѓа во непосредна близина на новонастанатата дупка.

Сепак овој феномен привлекол огромно внимание , па многу луѓе од околните места дошле да ја видат оваа несекојдневна глетка.

dupka1

dupka

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1