Матуранти, еве ги прашањата за екстерното тестирање


Прашањата што ќе бидат дел од тестовите при процесот на екстерно тестирање за учениците од завршните години во средното образование, се објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk

eksterno test

Како што соопшти Министерството за образование и наука јавниот базен содржи 50.400 прашања, за гимназиско и стручно образование за сите струки, насоки и предмети, а се достапни на македонски, албански и турски јазик. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предметите застапен со еден, два и три часа неделно, генерирани се 50, 100 односно 150 прашања.

– Отворена е и можноста на секое прашање доколку некој од учениците или кој било граѓанин забележи извесна грешка од техничка или друга природа, која е можно да постои имајќи ја предвид количината на прашањата, да пријави со само еден клик на апликацијата-прозорчето поставено веднаш до секое прашање. За други прашања или сугестии коишто не се поврзани со содржината, односно со технички корекции на прашања, може да се испрати мејл на адресата [email protected] на што операторите од Државниот испитен центар ќе одговорат во најкраток можен рок. Оваа можност ќе биде достапна до 6 јануари 2015 година, по што, откако ќе бидат вметнати сите издржани забелешки, повторно ќе биде креирана и објавена финалната база на прашања, стои во соопштението на Министерството.

Вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта ќе полагаат од 26 до 30 јануари, додека 3 дена претходно секој ученик ќе биде известен по кои 2 предмети ќе биде тестиран. Резултатите ќе бидат објавени на 2 февруари 2015 година.
Дополнително, процесот на екстерното тестирање во оваа фаза ќе опфати и 3.923 наставници по 2.622 предмети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1