Матуранти нападнати зошто развеале македонско знаме – Крвава матурска кај „Континентал“


Вчеравечер околу 22,30 часот  пред хотелот „Континентал“на бул.„Александар Македонски“ во Скопје повеќе лица ги нападнале матурантот А.У.(19) и М.А.(22).

Причина за физичкиот напад е поради истакнување на македонско знаме во холот на хотелот.zname

Притоа, М.А. бил удрен со тупаница од што се здобил со црвенило и оток, а А.У. бил удрен со шише во пределот на главата и се здобил со расекотина на челото.

Потоа, околу 02,15 часот истата ноќ, дошол Т.А.(41)- родител на матурантот за да ги земе децата по завршување на прославата.

Според пријавата додека истите се движеле кон возилот „фиат пунто“ на бул.„Никола Карев“, биле следени од автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Во близина на касарната Илинден на „фиатот“ му бил попречен патот од „ауди” со скопски регистарски ознаки, од кое излегле неколку лица и со палки и со закана со пиштол, почнале да удираат по возилото, а А.У., Д.А. и Д.Н. кои се превезувале во него се здобиле со телесни повреди (расекотини од стакло).

Во ПС ОН Кисела Вода, во присуство на родител, приведено е едно лице и истиот е задржан за понатамошна постапка. СВР-Скопје превзема мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сите сторители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1