Седумнаесетгодишната Н. Р. починала синоќа за време на матурската прослава околу 20 часот во босанскиот град Чаплиња, пренесува „Аваз“.
Полицијата излегла на лице место, а дежурниот лекар на Брзата помош констатирал дека станува збор за природна смрт.
На „Фејсбук“ нејзините соученици отворија страница на која сите ги пишуваат последните пораки за збогум.
Матурската прослава била прекината.