Мавровка под карантин – Не се дозволува влез и излез


Откако денеска почина пациент на Клиниката за инфективни болести, а во Македонија бил сместен во хотел во скопскиот трговски центар „Мавровка“, таму има засилено полициско присуство, присутни се и здравствените власти, а забрането е и приближување до хотелот, објави Сител.ebola-lek-652x320

Засега нема прецизни информации дали тој починал од ебола, но бил хоспитализиран со симптоми слични на оваа болест. Исто така, на Клиниката се наоѓа и неговиот пријате со кој заедно дошле во Македонија, кој се третира.

Целиот персонал на хотелот, како и медицинскиот персонал кој бил во контакт со починатиот Британец, се наоѓа во карантин.

Евакуирани се и гостите од хотелот, кои се препратени на лекарски преглед.

Наводно, лица во скафандери пред одредено време влегле во хотелот, но засега нема потврда за оваа информација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1