Иза и Само Логин, творци на апликациите „Talking Friends“ станаа најмоќни луѓе во Словенија на новата листа 100 најбогати, која традиционално секоја година ја објавува магазинот „Менаџер“, пренесе хрватски Индекс.
Логин се главни оснивачи на компанијата „Outfit7“, специјализирана за развој на мобилни апликации, од кои секако најпозната е онаа со мачорот Том, која забележа повеќе од милијарда преземања.
Магазинот „Менаџер“ ја проценува вредноста на нивната фирма на 1.1 милијарди евра, додека личниот имот на Логин се проценува на дури 617 милиони евра.