Попладнево околу 16 часот брачен пар од Македонска Каменица под сеуште неразјаснети причини со автомобил форд паднале во вештачкото езеро кај браната Калиманци.
Според информации од местото на трагедијата, полицијата успеала да го извади телото на жената а по телото на мажот за кој се претпоставува дека возел се уште се трага. Полицијата е на лице место и сеуште нема информации за идентитетот и причината како брачниот пар паднал во водите со автомобилот .