Маж кој од својата 10-та година ја сака истата жена – еве како ја запроси (Видео)


Пар кој е во врска уште од петто одделение се одлучува да стапне на лудиот камен преку најубавото и најпосебното запросување.

„За ова сме сонувале уште од малечки“ – споделуваат Сем Макароне и Џесика Бурзичели.

Се запознале кога имале по 10 години и оттогаш па навака се неразделни.prosenje zena brak solzi

По завршувањето на средното училиште заминале на студирање во сосема различни градови, но и раздвоеноста не влијаела на нивната врска.

Макароне побарал од неговиот братучед Мети Мас и пријателот кој е режисер, Доменик Кикинотија да направат музички спот кој ќе биде сеќавање на среќните моменти кога преку песна ја запросил неговата девојка.

Бидејќи Мети немал песна за таа пригода, се одлучил да напише нова, а Доменик го направил видеото.

За да не се посомнева Џесика, Мас и кажал дека сака она и Сем да настапуваат во неговиот нов спот.

Целиот спот бил снимен на неколку локации низ Филаделфија, а при крајот Сем клекнал пред својата најмила и ја запросува.

Погледнете го видеото во кое Сем ја запросува Џесика:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1