Маж од Пробиштип силувал девојче кое го запознал преку Фејсбук


Дваесет и петгодишен пробиштанец силувал 11-годишно девојче, кое претходно го запонал фејсбук, информираа од МВР.

Според полицијата, надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против С.С. (25) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

Пријавениот во текот на летото 2017 година преку Фејсбук се запознал со единаесетгодишно девојче од Пробиштип. После неколку разговори на Фејсбук и телефонски разговори, започнал да остварува средби. На една од средбите и ја подигнал горната маица и ја фотографирал со својот телефон.

Кога девојчето сакало да ја прекине врската и се заканувал дека ке ја објави фотографијата на Фејсбук. Вечерта помеѓу 14. и 15.10.2017 година излегле заедно, по што после 2.30 часот ја одвел кај него во станот и извршил обљуба над неа, а утрото и дозволил да си оди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1