Ургентен Центар Скопје во вторникот пријави дека кај нив е донесено лицето Љ.Д.(65) од Скопје кој бил погоден од залутано зрно.
По преземени мерки е утврдено дека истиот ден, околу 15:00 часот, на ул. „Солунска Глава“, додека Љ.Д. поставувал водоводни цевки во дворот од неговата куќа бил погоден од залутан проектил во пределот на рамото.