Мајкл Таноуие (29) сексуално нападнал една Јапонка во тоалет во авион, но за среќа, неговиот обид бил запрен кога персоналот ги извадил шарките од вратата.
Кога Јапонката отишла во тоалет, мажот тргнал по неа, влегол внатре и ја затворил вратата. Според извештаите од судот, и` ги соблекол пантолоните и се обидел да ја силува.
Неименуваната жртва која била на пат кон дома после четиридневен одмор на Хаваите, вели дека Мајкл и ја искинал облеката и се обидел да ја силува.
Сепак, несреќната жена се досетила како да повика помош. Го притиснала копчето наменето за опасност и итни случаи. Тогаш, нејзината мајка и членовите на персоналот, но и другите патници, се упатиле кон тоалетот.
Меѓутоа, лукавиот маж ја заклучил вратата, па тие морале да ги одвртат шарките од вратата и така да ја спасат жената. Таноуие бил вратен назат во Хонолулу, каде што бил уапсен од ФБИ.