Трагедија вчера се случи во месноста Убрега во близина на кичевското село Драгов дол кога пресечено дрво падна врз скопјанката В.К.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила кога едно од дрвата кои ги сечел М.И. (71) во месноста Убрега паднало врз неговата сопруга В.К (70)..
Жената се здобила со тешки повреди, контузија на черепот и крварење и починала на лице место.
Полициски екипи извршиле увид на местото во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на обдукција.