Маж случајно го фрлил венчалниот прстен од 350.000 евра (ФОТО)


Берни Скуитиери, 51-годишник од Мисури, неодамна го изгубил венчалниот прстен својата сопруга сo 20-каратен дијамант вреден вртоглави 350.000 евра.HT_squitieri_jef_160316_4x3_992

Имено, Берни случајно го фрлил прстенот во отпадокот откако сопругата го оставила на хартијата за домаќинство. Без да погледне дали на хартијата се наоѓа нешто вредно за чување, Берни ја зграпчил хартијата, ја фрлил во вреќата за отпадоци, а потоа во камионот кој во тој час го собирал отпадокот.

По сознанието за направената штета, брачната двојка тогаш се нашла во трка со времето – прстенот бил на пат кон депонијата, а доколку таму зврши, шансите за неговото пронаоѓање се исклучително мали.prsten

Берни сепак ги убедил работниците на комуналната компанија да му дозволат потрага по прстенот низ приближно 10 тона отпадок. По 25 минути потрага, прстенот го пронашол оперативниот менаџер, Џое Еванс.

– Во десет од десет случаи воопшто не успеваме да пронајдеме слични изгубени предмети. Голема е среќа што го пронајдовме прстенот и успеавме да го вратиме – рекол Еванс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1