Mаж со странски акцент осомничен за терористичкиот напад во Бостон


Полицијата се сомнева дека човекот кој што се гледа на сликата на врвот на зградата е премногу рамнодушен на настаните кои што го потресоа Бостон со експлозиите на маратонот, па токму поради тоа истиот се смета за осомничен за нивно поставање.

boston osomnicenДетективите кои ја истражуваат експлозијата на двете бомби на маратонот во Бостон, во кои загинаа три лица а повеќе од 140 се ранети, не знаат кој стои зад овој напад, ниту дали станува збор за домашни или странски напаѓачи. Федералните власти трагаат по маж со темен или црн тен.

Претставик на сојузните истражни органи соопштија дека двете бомби биле мали, а првите анализи покажуваат дека не станува збор за експлозив Ц-4 или некој друг материјал со голема разорна сила, што укажува на тоа дека се работи за примитивни експлозивни направи.

Се претпоставува дека во нив се наоѓале метални топки, со што се објаснува зошто толку повредени останале без стапала, зглобови и листови од нозете.

Ед Дејвис, комесарот на бостонската полиција, соопшти дека никој не е уапсен, но многумина биле приведени на сослушување.

Полицијата трага по „маж со темен или црн тен“ со странски акцент, јавува телевизиската мрежа CNNС. Според оваа телевизија, маж со темен тен, со црн ранец на грбот, облечен во тренерка со качулка, се обидел да се пробие во оградениот простор пет минути пред првата експлозија.

gallery-boston-marathon-explosions4-4_3_rx513_c680x510Експлозијата се случи во близина на целта, околу четвртиот час и деветта минута од трката, односно некаде десет минути пред нејзиното завршување, два часа откако победникот меѓу мажите ја мина целта, а зад него уште најмалку 17 илјади учесници.

Самиот факт дека експлозиите се случиле на крајот на маратонот укажува на тоа дека не пресметале како да направат максимална штета, изјавил поранешен припадник на федералното истражно биро FBI, кој сега работи во Бостон.

„Тоа зборува за начинот на кој е сево ова планирано. Се поставува прашањето зошто бомбите не експлодирале кога победниците минувале низ целта и кога луѓето во публиката се стискале како сардини? Тоа може да значи дека извршителите немале пристап до тој простор во моментот кога најмногу им одговарало“, рекол тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1