Портпаролот на тајната служба на САД, Ед Донован, изјави дека синоќа на територијата на Белата куќа упаднал маж, по што е задржан од обезбедувањето и одведен во болница.
Тој прецизираше дека станува збор за 42 годишниот Омар Гонзалес од градот Коперас Коув, во сојузната држава Тексас.
Најавена е детална истрага со цел да се утврдат мотивите за упадот.
Кај мажот не е пронајдено оружје, но Донован истакна дека Гонзалес ја прескокнал високата ограда, успеал да стигне до главниот влез на резиденцијата на американскиот претседател, по што бил задржан од припадниците на обезбедувањето.
Во моментот во Белата куќа не бил претседателот Барак Обама, туку се наоѓал со семејството во резиденцијата Кемп Дејвид во сојузната држава Мериленд.
Претходно поради безбедносни причини од новинарите, соработниците на претседателката прес служба и други вработени, кои се наоѓаа во западното крило беше побарано да ги напуштат просториите.
На снимката се гледа како Гонзалес, за кој Ројтерс вели дека е белец, облечен во фармерки и темна маица, го претрчува тревникот, додека агентите на Тајната служба им довикуваат на минувачите да ја напуштат областа.
Кај Гонзалес не е најдено никакво оружје.