Маж залутал во трговски центар, не можел да го најде излезот, по три недели најден мртов


Пожарникарските скали на еден трговски центар во Австралија, се претвориле во „гробница“ за еден 70- годишен човек кој залутал и веќе никогаш неможел да го најде излезот.

Очајното семејство сега ја видело снимката на која се гледа како Бернард Гор излегува на пожарникарските скали на 6 јануари 2017 година во сиднејскиот трговски центар, каде е најден три недели подоцна.

Неговата ќерка била скршена откако ја видела снимката, а истражниот судија навел дека нема други снимки да покажат што се случувало после тоа.

Стотина илјади луѓе поминале низ ходниците на трговскиот додека тој бил заробен внатре и ги слушал гласовите кои одекнувале до скалите.

Обдукцијата покажала дека старецот умрел недела дена пред да биде најден, што значи дека една недела полека умирал.

На снимката се гледа како тој влегува во врата која води кон пожарникарските скали, која не се отвара одвнатре, па иако постои излез долу во ходникот, Гор никогаш не го нашол, што и не е така необично бидејќи низ трговскиот центар постои лавиринт од пожарникарски скали кој е долг цели 14 километри.

Семејството го барало Гор, а се поставува и прашањето како за цели три недели вратата која води кон пожарникарските скали ниту еднаш не е отворена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1