Пожарот што уништи 21 зграда во градот Кохос во државата Њујорк, бил предизвикан од страна на Американецот Џон Гомез (51), кој се обидувал да го имитира она што ги видел на телевизиската емисија „Форџд ин фајр“, каде учесниците се натпреваруваат во ковење на мечеви.
Гомез, во четвртокот запалил оган во метално буре, но огнот се проширил. Три згради во Кохос се целосно уништени, а 18 се оштетени.
Тој е обвинет за предизвикување на пожар. За време на сослушувањето се изјасни дека не е виновен.