Мажи навалете: Село само со жени од 20 до 35 години – бараат ергени!


Во селото Ноива де Кордеиро во јужниот дел на Бразил живеат многу осамени жени, кои имаат потреба од мажи.

Во селото живеат околу 600 жени, повеќето на возраст меѓу 20 и 35 години кои поради недостаток на мажи упатиле апел при што повикуваат што повеќе мажи да се доселат во нивното село.zeni111-500

Девојките го напуштаат селото кога ќе стана полнолетни, а мажите кои работат во околните градови навраќаат само за викендите.

Локалните мажи од околните градови ги опишуваат како “дами со импресивна убавина”. Сепак овие убавици нема со кого да склучат брак. Таму единствените мажи се или во брак, или нивни роднини.

-Сите сме од една крв, поради што одамна не сум бакнала маж, вели 23-годишната Нина.

Затоа девојките решиле да ги повикаат сите заинтересираните ергени да заживеат во нивното село. Но многу претставници на посилниот пол се плашат да отидат на место каде што владеат женски правила.

-Живееме во хармонија. Кога нема мажи, сме многу помирни, бидејќи се обидуваме да разрешиме секој конфликт со заедничка согласност, раскажува 49-годишната Росана.

Нина вели дека сонува да се заљуби.

– Сакаме да го продолжам  животот тука, а не да го напуштам селото, за да се најде маж. За тоа бараме мажи кои се подготвени да го остават нивниот живот и да станат дел од нашиот, додаде Нина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1