Двајца сопружници поради недоразбирање започнале вербална расправија која кулминирала со физички напади. Сопругот почнал да и упатува закани на жената, а потоа и физички ја нападнал.
Жената во самоодбрана возвратила на ударите на мажот, по што двајцата со полесни повреди биле примени во болница, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Случајот бил пријавен во полицијата која работи на негово целосно рачистување.