Во нашата земја пиењето на кафе е ритуал и синоним за уживање и незадолжителен муабет.
Познато е дека во кафето може да се види иднината, но дали сте знаеле дека кафето може да го открие и карактерот на мажот? Еве како да го препознаете мажот според кафето кое го нарачува.
Кратко кафе или еспресо
Мажите кои нарачуваат мал филџан јако кафе се амбициозни, педантни и секогаш во брзање. Ним работата секогаш им е на прво место. Брзи и едноставни сакаат се да завршат на време и не поднесуваат доцнење. Овој маж е секогаш добро облечен, не излегува без часовник и чадор, доверлив е, остар на зборови и знае што сака. Мана: Тој е како лето, времето со него трае кратко.
Капучино – живот како пена
Провокативен, експлицитен, контроверзен и детинест – тоа е мажот кој нарачува капучино. Капучино-мажот е она за што сонува секоја жена, а тоа никогаш не би го признала. Тој привлекува внимание каде и да се појави и неодоливо потсетува на сите забранети, безвременски уживања кои со задоволство би ги испробала секоја жена. Мана: Тој е како пролетта, ве прави вознемирени.
Кафе со многу млеко
Овој маж е исклучително нежен, чувствителен, меланхолик, непоправлив романтичар и во постојана потрага по сродна душа. Мана: Тој е како зимата – ќе ве успие.
Кафе со алкохол
Уметничките души сакаат во кафето да додадат капка алкохол што е нивен мал ритуал. Мажот кој пие такво кафе е оригинален, со тежок карактер, истенчен вкус, смисла за естетика и отворен поглед на свет. Мана: Тој е како есента – со променливо расположение.