МАЖОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА 42-ГОДИШНА СОПРУГА Е СПРОВЕДЕН ВО ПСИХИЈАТРИЈА БАРДОВЦИ


52-годишниот М.М. од гостиварско село, кој ја претепа својата 42-годишна сопруга, која во животозагрозувачка состојба беше хоспитализирана на КАРИЛ во Скопје, е спроведен во Психијатриската болница во Бардовци.

Тој бил лишен од слобода на 27 ноември .

Жената најпрво била пренесена во болницата во Гостивар, а поради сериозноста на повредите, во бессознание била транспортирана во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување на КАРИЛ.

Според информациите жената има скршени ребра, повреди на главата, парцијален пневмоторакс и мала ефузија.

Четириесет и двегодишна пациентка од Гостивар е примена на Ургентниот хируршки центар во 18 часот и 8 минути со повреди на градниот кош и главата, податок за повреда од сопругот. Направени се дијагностички процедури и констатирани се тешки телесни повреди, фрактура на ребра од 7-мо до 10-то, парцијален пневмоторакс и мала ефузија, како и субдурален пласт. Примена е на КАРИЛ.

Од МВР соопштија дека при приведувањето 52-годишниот маж давал отпор, физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. По интервенцијата бил спроведен во Психијатриската болница во Бардовци.

За случајот е известен јавен обвинител, а од Обвинителството информираат дека се преземаат дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за координација и постапување по пријави за семејно насилство. Во постапката се вклучени полицијата и Центарот за социјални работи. Правната квалификација на делото ќе биде утврдена врз основа на собраните докази.

Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Граѓани изразуваат револт и загриженост поради насилството врз жените, а во дел од објавите се поставува и прашањето како општеството стигнало до секојдневни вести за жени кои се жртви на брутално семејно насилство. „Силен маж не тепа жена. Секој може да истепа жена, но тоа не е достигнување, туку срам“, се вели во една од реакциите која се споделува на социјалните мрежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1