Околу 15,30 минути во паркот во Бутел 2 убиен е маж на возраст помеѓу 45 и 50 години.
Во моментот на убиството се слушнале повеќе истрели, а неколку минути подоцна пронајдено е и телото на жртвата со неколку прострелни рани. Телото било забележано од соседите во околните згради и случајните минувачи.
Според првичните информации, две лица по извршеното убиство избегале од местото и се претпоставува дека тие се извршители.
Жртвата имала прострелни рани на главата и на телото. На градите на убиениот полицајците пронашле оставено метро.
Непосредно по убиството полицијата го обезбеди местото и изврши увид. Се трага по двете лица за кои постои сомнение дека го извршиле убиството.