Мажот што се обиде да го убие Реган пуштен од психијатриска болница


Мажот, кој се обиде да го убие претседателот на САД Роналд Реган во 1981 година, беше ослободен од психијатриската клиника, во која беше интерниран пред 30 години, соопшти NBC News. Американскиот суд донесе пресуда за ослободувањето на Џон Хинкли помладиот во јули, но под услов дека ќе ги почитува строго пропишаните психијатриски грижи и ќе биде ставен под надзор. Хинкли помладиот ја напушти клиниката вчера.image_5756267_126-300x228

Денес Хинкли помладиот сега има 61 години. Тој пукаше во Реган на 20 март 1981 година, кога претседателот излегуваше од хотел Хилтон во Вашингтон. Во судот изјави дека сакал да и направи впечаток на Џоди Фостер.

Еден од куршумите рикошира во блиндираната претседателска лимузина и го погоди Реган во градите сосема блиску до срцето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1