Меѓу 44-те жртви во трагичната несреќа во Бугарија има и двајца полицајци, дознава Алсат од извори во полицијата.
Според информациите од членовите на семејството, станува збор за Енис Раманоски, заменик командир на полицијата во Дебар и Саде Мустафоски, полициски службеник на граничниот премин „Блато“ со Република Албанија.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2021/11/avtobus-nesrekja-bugarija.jpg)
Членовите на семејството објавија фотографии на социјалните мрежи со кои потврдуваат дека меѓу жртвите во трагедијата на 23 ноември се и Мустафоски и Раманоски.
Информацијата ја потврдија и полициски извори, кои додадоа дека треба да се очекува вештачењето на бугарските власти за официјална потврда.