Американската ѕвезда Бил Козби , го помина првиот ден во затворот како еден од најомразените затворееници , по пресудата за сексуално злоставување жени.
Козби раскажува дека на првиот ден го гаѓале со стари пецива и виршли и дека паднал по скалите. Телевизиската ѕвезда пио затворањето и раскажал на својата сопруга Камил како му поминал првиопт затворски ден. 81 годишниот комичар е осуден на 10 години затвор.
Според дел од таблоидите , Козби на сопругата и рекол да ја земе чековната книшка и да вработи кој било за да гоз абрза неговото пуштање од затвор.
Од друга страна , таблоидот ТМЗ пишува дека Козби има добар третман во затворот и дека другите затвореници биле одушевени што славниот комичар е во нивно друштво.
Публицистот на Козби, Ендрју Вајт за истиот магазин вели дека судењето било најрасистичко и најсексистичко во историјата на САД.