Карла Хасинто од Мексико била киднапирана на 12 години, а силувана е дури 43.000 пати.
Почетокот на приказната не доволно сликовит за да го долови хоророт кој следел. Стоела на автобуска станица во Мексико сити, кога ѝ пришло момче кое продава колачи на улица. И дал колаче и ѝ кажал дека ѝ го праќа момчето кое стои на неколку метри од неа. Карла се запознала со својот додворувач, кој личел на фино момче. Се претставил како продавач на автомобили, а по краткиот пријатен разговор, размениле телефонски броеви.
Неколку седмици подоцна, момчето ѝ се јавило на Карла. Ја поканил на пикник и да се повозат со неговиот нов автомобил.
“Кога го видов тој скапоцен автомобил не можев да им верувам на своите очи. Дури ја убеди и мојата мајка да ме пушти да излезам со него. Ми купуваше чевли, беше вистински џентлмен. По неколку седмици, сè се промени. Ме принуди да се занимавам со проституција”, вели Карла.
Наредните четири години од нејзиниот живот биле вистински пекол. Силувањата биле секојдневни и брутални, некои од нив и комбинирани со тепање.
“Макроата ме тепаа со кабли, ланци и стапови. Имаше луѓе кои се смееја додека плачев. Морав да мижам за да не гледам што ми прават”, вели Карла и додава дека меѓу насилниците имало и свештеници, судии и полицајци кои наместо да ја заштитат, и самите ја напаѓале.
Еден ден во хотелот кој бил нивна “база” влегле 30-тина полицајци. Ги истерале сите макроа надвор и ја затвориле зградата. Карла се понадевала дека е спасена.
“Мислев дека конечно дојде крајот, но хоророт продолжи. Полицајците не затворија во собите, не натераа да се соблечеме и не снимаа со камери. Ни се закануваа дека видеата ќе ги пратат на нашите родители доколку не направиме сè што велат, а потоа не силуваа. Имав само 13 години, а имаше и девојчиња кои беа помлади од 10.”, вели Карла.
Како и сите девојки кои минале низ овој пекол, Карла работела од 10 наутро до полноќ цели 4 години. Во текот на своето заробеништво, родила девојче. Тогаш имала 15 години, а макрото го одземал бебето и ѝ забранил да го гледа.
Спасот дошол во 2006. година во вид на антитерористичка единица која ја разбила групата макроа.