Ме врзаа за стол и ме тепаа за пензијата од 16.000 денари


Беа тројца, но не им ги видов лицата. Не забележав дека влегле во куќата оти беше отклучено. Бев сам кога ме нападнаа. Ми ги врзаа очите, потоа ми ги врзаа рацете и ме седнаа на стол. Ме врзаа за ногалките на столот. Ми викаа „кажи каде се парите“ и почнаа да ме удираат по целото тело. Беше страшно.

D6FFBF5C3778C149B44B6F245C4E6DD4Со овие зборови и со солзи во очите  за Дневник, ја раскажува својата драматична приказна Стојан Ќ. (73), кој завчера напладне бил претепан и ограбен од разбојници во својот дом.

– Kога ме врзаа, се обидов да се бранам, но не можев. Бараа пари. Ми го проверија палтото што го носев и ми ја зедоа цела пензија. Ми украдоа 16.000 денари и мојата лична карта. Бараа и друго, но немаше, по што побегнаа – растревожено раскажува тој.
Проблемите продолжиле и кога разбојниците побегнале. Дедо Стојан с` уште бил врза за столот. Викал на цел глас, но никој не го чул.

– Успеав некако да ја ослободам едната рака. Паднав со столот за кој уште бев врзан. Се влечев со столот по целата куќа. За да излезам од подрумот каде што живеам, требаше да се искачам на скалите и тоа беше навистина тешко. Се влечев со ослободената рака и по некое време успеав да стигнам во дворот – вели тој.

Целата сторија на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1