Одговорот на тоа зошто паѓа мебелот во една семејна куќа во Албаре Сант Мари во Лозер, Франција, треба да го даде официјална истрага, јавува дописникот на МИА од Париз.
Според пишувањето на регионалниот весник „Миди Либр“, се започнало на 12 март, кога сите сијалици во куќата прегореле истовремено. Еден час подоцна, на подот падналo едно парче мебел без никој притоа да го турне. Следните денови паднале и други објекти и делови од покуќнината. Паднал дури и фрижидерот и целата библиотека. Претходно во дворот била пронајдена мртва мачка и мртви птици во близината на куќата.
Мишел Терон, градоначалникот на Албаре Сант Мари, во чиј атар се наоѓа куќата од Ла Рош во кој живеат четириесетина лица, е убеден дека станува збор за „природен феномен“.
– Не постојат сомневања дека станува збор за нешто паранормално. некои мислат дека станува збор за мини-земјотрес кој предизвикал зголемување на тектонска пукнатина точно под куќата, вели градоначалникот, според кој за ова се контактирани специјализирани установи под совет на префектурата.
Жителите на куќата се ургентно сместени во друг стан. Последните денови кои ги поминале во нивната куќа, поранешна плевна, биле трауматични. Самата куќа не е оштетена, иако плочките на подот биле испукани. Тестовите околу електричната инсталација покажале дека нормалните 50 оми, изнесувала околу 600 оми.
Според Иве Лизон, поранешен професор по математика од Универзитетот во Тулуз, нема место за сомнение дека е нешто паранормално и нема потреба од истерувачи на духови. Тој е на мислење дека појавата е од геолошка природа. Додека се испитуваат научните хипотези за овај феномен, префектуарат отвори истрага за природна катастрофа.