„Медена земја“ во борба за два Оскари вечерва


Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес вечерва ќе бидат соопштени добитниците на најпознатата филмска награда Оскар за 2019 година во 24 категории. Македонскиот документарец „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм. На 92-то доделување на Оскар ќе присуствуваат петчлената авторска екипа, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев .

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм.

Петчлената авторска екипа – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката во филмот – пчеларката Атиџе Муратова ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда.

По 25 години нашата земја повторно има филм во трка за Оскар, првпат се случува да имаме две номинации, а првпат и во историјата на Американската академија документарен филм е номиниран во две категории.

За најдобар документарец конкуренти на нашиот филм му се британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“, бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.

Во категоријата интернационален (странски/неанглиски) филм, покрај „Медена земја“ во трка за Оскар се и јужнокорејскиот „Паразит“, „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.

По објавата на номинациите пред четири недели, тимот на „Медена земја“ (Honeyland) им се заблагодари на членовите на Американската академија за тоа што филмот го нарекле материјал заслужен за Оскар.

Оскаровската ноќ – меѓу најгламурозните настани на планетата што се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот, по наше време ќе почне во 2 часот, а час и половина претходно ѕвездите ќе поминат на црвената патека пред театарот „Долби“.

Доделувањето на наградите ќе се пренесува онлајн на oscar.go.com, телевизискиот пренос кај нас ќе го има на ТВ Телма. Директно следење на шоуто по полноќ ќе организира и Младинскиот културен центар каде што претходно, од 22.30 часот, ќе биде прикажан „Медена земја“ и ќе настапи групата „Фолтин“ кои ја направија музиката за филмот. Влезниците се бесплатни и треба да се подигнат на билетарницата на МКЦ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1