СЗО : Коронавирусот од денеска има ново име


Откако бројот на смртни случаи од коронавирус денеска надмина 1000, опасниот вирус беше преименуван во COVID-19.

Ова укажува дека станува збор за болест предизвикана од коронавирус која е откриена во 2019 година, соопшти Светската здравствена организација. Токму оваа институција денеска го објави новото име за вирусот, истакнувајќи дека тие биле многу внимателни да изберат име што не носи стигма.

Моравме да најдеме име што не се однесуваше на географска локација, животно, индивидуа или група на луѓе. Плус, ние исто така избравме име кое е лесно да се изговара – рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, пренесува NBC News.

Од избувнувањето во декември, вирусот се прошири во 24 земји, но досега само две смртни случаи од вирусот се надвор од Кина.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1