Американските власти подигнаа обвинение против една медицинска сестра од Тексас која е во затвор поради убиство на дете во 1982 година.
Властите веруваат дека таа во тоа време убила дури 60 деца.
Џенис Џонс (66) истовремено служи казна од 99 и 60 години затвор во Гејтсвил за убиство на 15-месечно девојче во 1982 година и поради предизвикување болест кај дете старо четири недели, кое, меѓутоа, преживеа.
На девојчето му дала смртоносна инјекција со мускулен релаксант, а на момчето голема доза на лек за разредување на кврта.
Властите соопштија дека против Џонс е покренато обвинение заради смрт на 11-месечниот Џошуа Соер, кои, како што велат истражувачите, починал по преголема доза на антиепилептик.
Во текот на нејзиното работење во болниците и клиниките во Тексас, децата умирале поради компликации под неразјаснети околности.
Истражувачите веруваат дека Џонс убила децата поради тоа што сите починале во текот или веднаш по завршувањето на нејзината смена.