Медицински феномен – умрел од туѓ рак


ХИВ позитивен Колумбиец починал од рак кој се развил во тенијата која го нападнала неговиот желудник. Ова е прв ваков забележан медицински случај во кој пациент починал од клетки на канцер кои не потекнувале од неговото тело, пренесува Newsweek.

tenija
Со рендгентски снимки се утврдило дека на белите дробови и црниот дроб на 41-годишниот маж се гледаат повеќетумори со различна големина. По што тој добил лекови за ХИВ и паразити, но неговата состојба нагло се влошувала. Тогаш на лекарите работите им станале чудни.

Клетките биле канцерогени, се размножувале многу брзо, но едноставно биле премногу мали за да бидат од човек. Збунетите лекари одлучиле да го подложат на низа тестови со кои откриле дека клетките на ракот носат ДНК од тенија. За жал, пациент починал 72 часа по откривањето.

Меѓутоа, и покрај трагичниот крај, овој случај доведе до сознание дека можно е да се добие рак од туѓ организам, како и тоа дека е можно поради генетска мутација нашето тело да инкорпорира клетки со туѓа ДНК и да развие посебна, нова форма на рак кај човекот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1