Русите би не прегазиле – Пензиониран американски генерал дигна раце од својата армија!


Во директна борба, во случај на конвенционален конфликт, Русите буквално би го урнале моќниот САД, тврди пензионираниот американски полковник Даглас Мекгрегор за магазинот „Политико“.

Без оглед на големината на воениот буџет, Армијата на САД не е толку силна како што многумина мислат и сигурно е дека Русите би ја поразиле во случај на директен конфликт на одредена подрачје, како што смета Мекгрегор.Nuklearna-katastrofa-Rusija-Amerika-620x350

Тој преместувањето на американската единица од Германија во Унгарија со намера да ги загрижи Русите, го нарече шала и сценарио кое никого нема да заплаши во реалноста.

Мекгрегор е американски воен херој чија единица во текот на голфската војна уништила вооружена ирачка бригада за 23 минути а притоа имала само еден губиток на човечки жртви.

Говорејќи за таа победа, Мекгрегор изјави дека имале работа со слабо вооружени ирачки војници, но да во судар со Русите тие би биле поразени.Daglas-Mekgregor-300x170

„Всушност изразот „поразени“ не е вистинскиот збор, правилно е да се каже дека би биле уништени“, изјави Мекгрегор, кој сега важи за воен експерт.

 

Тој предупредува дека американската војска слабо е организирана и дека не е доволно обучена, па во случај на директна борба со армијата која е рамноправна по бројност и технички добро оспособена, како руската или кинеската би била уништена.

Мекгрегор тврди дека овие оцени се одржани и дека американската војска е свесна за тие проблеми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1