Медлин Олбрајт изрази подготвеност да премине во ислам


Поранешната американска државна секретарка, демократката Медлин Олбрајт изјави дека ќе премине во ислам во знак на протест поради имиграциската политика на претседателот Доналд Трамп.medlin-olbrajt-i-hilari-klinton-foto-reuters-1463307400-906711-735x400-100559

– Воспитана сум како католик, потоа преминав во Епископалната црква, потоа открив дека еврејската вера е моето семејство. Сега сум подготвена да преминам во ислам во знак на солидарност. Добродојдовте бегалци, напиша Олбрајт на Твитер.

Таа додаде дека САД треба да останат слободни за луѓето без оглед на нивната вера и потекло.

Трамп вчера потпиша указ за заострување на имиграциската политика и граничната контрола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1