Според официјалните податоци до сега се собрани околу 100 милиони долари. Но каде отидоа тие пари! Според АЛС Фондацијата парите не се кај нив
Ледениот предизвик, или попознат како полевање со кофа ладна вода , изминативе недели се прошири преку Интернет низ цел свет и во едно соедини две работи -хуманост и забава. Некој само убаво се забавуваа, а некој донираа и пари.
Но, се поставува прашањето- каде навистина отидоа тие пари! Сите видовме, а некои и учествуваа во ледениот предизвик како хуманитрна акција наменета за болните од Лу Геригова болест. Според официјалните податоци до сега се собрани околу 100 милиони долари. Но каде отидоа тие пари?
Според АЛС Фондацијата парите не се кај нив. 73 отсто од собраните средства одат на свечени вечери, платите на директорите и други трошоци, а само 27 отсто од парите одат за она за што се донирани. Платите на некој од директорите надминуваат и 300 илјади долари и затоа американската јавност поставува прашање дали со ова е постигната целта- да се помогне на луѓето заболени од оваа болест или се работи за измама на столетието.