Меѓаши бара видео надзор во градинките


Да се постават безбедносни камери во градинките за да се гледа како вработените се однесуваат со децата.. Ова го бараат загрижени родители кои предлогот го испратиле до Меѓаши.. Од првата детска амбасада велат дека барањето следи по неодамнешниот случај во гевгелиската градинка каде со навредливи зборови негувателка ги смируваше децата..

„Денеска упативме до Министерството за труд и социјална политика писмо врз основа на иницијатива на граѓаните да ни дадат инфомрации дали размислуваат за воведување на една ваква алатка каде што ропдителите веќе пројавуваат одредена загриженост и недоверба во однос на институциите каде што децата им се доверени на чување, воспитување и згрижување“, вели Драги Змијанац, Директор на прва детска амбасада „Меѓаши“.

По објавувањето на снимката од градинката во Гевгелија, ресорното министерство и наложи на директорката на установата да истражи што се случувало во објектот „Цветови“.. Од труд и социјала велат дека ги анализираат сите претставки на родители чии деца престојуваат во јавните установи но не откриваат какви казни заработиле негувателките..

„Во случаите каде што била утврдена вина изречени се дисциплински мерки, а во еден случај донесена е одлука за престанок на работниот однос“, информира труд и социјала.

Инаку од Меѓаши велат дека вработените во градинките имаат исклучителна одговорност па сметаат оти се потребни строги критериуми при изборот на воспитувачи..

Според податоците од труд и социјала, во изминатите 19 месеци до нив пристигнале 11 поплаки од родители на деца кои се згрижени во јавните градинки.. Најчесто се жалеле на односот на воспитувачките.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1