Меѓу уапсените косовски џихадисти има и македонски државјанин


Меѓу џихадистите што завчера беа уапсени во Kосово има и еден државјанин на Македонија, пренесоа косовските медиуми. Според весникот „Зери“, станува збор за Бесим А. Шабани, 32 години, од Скопје, кој долго време престојувал во Урошевац. Освен него, уапсен е и еден Бошњак, Фикрет Kрцо, 23 години.

Kосовската полиција трага по уште 17 Kосовци, кои заедно со 40-те лица кои беа уапсени завчера, се осомничени дека се припадници на терористичките организации Исламска држава (ИД) и Ал Нусра, објавија приштинските медиуми.

D2A4A9114E1CA1469A1C4AB2A6C6C8BBВодачот на оваа група, Бујар Брахими, за време на завчерашната полициска акција, не бил пронајден во неговиот дом, пренесува весникот „Зери“. Брахими, кој потекнува од Митровица, една и пол година бил припадник на ИД во Сирија и е близок пријател на Лавдрим Мухаџери, еден од водачите на оваа група.

Во април годинава Брахими се вратил во Kосово и веднаш почнал да агитира меѓу граѓаните да заминат и да им се приклучат на останатите муслимани во џихадот. Брахими е на чело на листата од 57 лица осомничени за тероризам и за поттикнување тероризам. Со уште 16 осомничени, тој е во бегство.

Во акцијата на полицијата биле затворени два објекта за кои постојат сомнежи дека биле користени за регрутирање на младите луѓе за заминување во Сирија. Станува збор за илегалната и импровизирана џамија во зградата „Термокоса“ во населбата Дарданија во Приштина и за Kулата на сирачињата во Превала, кои, според полицијата, биле зборните места за оваа терористичка мрежа. Постојат сомнежи дека најголемиот дел од 40-те уапсени лица се бореле во Сирија и во Ирак во состав на терористичките организации ИД и Ал Нусра.

Kосовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи за весникот „Експрес“ истакна дека многу организации кои дејствуваат како хуманитарни, всушност се поврзани со уапсените џихадисти. Тој не наведе имиња на организациите, но споменува дека меѓу нив има една турска.

– Во втората или во третата фаза ќе имаме доволно докази за истрага на овие организации – истакнува Реџепи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1