Најголемиот синџир за брза храна „Мекдоналд“ треба да плати отштета од 27 милиони долари по обвинение за недоволна безбедност во еден од објектите, кое придонело за смртта на двајца млади во февруари 2012 година, објави Блумберг.
Судот во Тексас ја донел одлуката откако утврдил дека поради непреземање на мерки за безбедност на компанијата 18-годишно момче било претепано до смрт во ресторанот додека поради несоодветна реакција 19-годишна девојка која настрадала во сообраќајка навреме не била донесена во болница.
Нивните семејства тврдат дека компанијата не ги презела потребните мерки за безбедност, особено откако истиот објект е постојано сцена на масовни тепачки, регистрирани од полицијата. Судот одреди обештетување од вкупно 27 милиони долари.
Од Мек Доналдс“ најавија дека ќе поднесат жалба.
„Ние ја почитуваме одлуката на судот, но не се согласуваме со него“, вели во соопштението портпаролот Тери Хики.